Вести Свет

САД им препорачуваат на своите граѓани да ја напуштат Русија поради страв од одмазда

САД им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина, бидејќи им се заканува некој вид одмазда, односно агенциите за спроведување на законите во таа земја може неоправдано да ги приведат или вознемируваат.

Американските граѓани кои живеат во Русија треба веднаш да ја напуштат таа земја. Бидете особено внимателни од произволни апсења. Не патувајте во Русија, се вели во соопштението на Американската амбасада во Москва, а пренесува „Гардијан“.

САД постојано ги предупредуваа Американците да ја напуштат Русија. Последното вакво официјално предупредување беше издадено во септември минатата година, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.

Руските безбедносни служби уапсија американски државјани врз основа на лажни обвиненија, ги приведоа и вознемируваа, им ускратија фер и транспарентен третман и ги осудуваа во тајни судски процеси или без приложување веродостојни докази, соопшти амбасадата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе