Земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтеровата скала претпладнево ја погоди најисточната индонезиска провинција Папуа при што загинаа четири лица. Според Американскиот Национален геолошки институт соопшти дека епицентар на земјотресот бил градот Џајапура, на длабочина од 22 километри.
Оштетени се и куќи, згради и медицински установи.
Серија силни земјотреси ја потресуваат Папуа од јануари. Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека од 2 јануари досега имало 1.079 земјотреси во градот Џајапура и неговата околина, а 132 од нив биле доволно силни за да ги почувствуваат жителите.