Вести Свет Топ вести

Турција го одблокира Твитер – платформата повторно во функција во земјата

Пристапот на Твитер во Турција денеска се нормализира, откако корисниците пријавија дека не можат да пристапат на страницата за социјално вмрежување по смртоносниот земјотрес во понеделникот, соопшти компанијата за мониторинг на интернет Нетблокс, пренесе „Си-Ен-Ен“.

„Обновувањето доаѓа откако турските власти одржаа состанок со Твитер за да ја потсетат компанијата на нејзините обврски во врска со отстранувањето на содржината и дезинформациите“, објави Нетблокс на Твитер.

По извештаите дека пристапот до Твитер е ограничен во Турција, некои корисници побараа помош до извршниот директор на компанијата, Илон Маск.

Во твитот од вчера, Маск рече дека турската влада му кажала дека блокадата на платформата ќе биде укината.

Турците по земјотресот најмногу се огласија на Твитер за да објават информации за најблиските до кои не можеа да стигнат, извештаи за урнати згради во областа и координација за помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе