Вести Свет Топ вести

(Видео) Извлечено живо новородено девојче под урнатини во Сирија – било поврзано со мајката со папочна врвца

Спасувачки екипи во Сирија пронајдоа туку што родено живо бебе под урнатина на зграда во Јандарис кое сè уште било поврзано со папочна врвца со мајката која не го преживеа катастрофалниот земјотрес. Девојчето е единствен преживеан член на семејството, останатите го загубија животот во уривање на четирикатница.

Во местото на границата со Турција, спасувачите ги извлекле телата на нејзиниот татко, Абдула Млеихан, мајката Афра, три сестри, брат и нивна тетка.

„Трагавме по Абу Рудајн, кој е прекар на Абдула, и неговото семејство. Прво ја пронајдовме неговата сестра, а потоа и него и сопругата. Беа еден крај друг“, рече Халил Савади, пријател на семејството за АФП, кој бил во шок.

„Додека копавме под урнатините, слушнавме некој глас и набрзо потоа ја пронајдовме малечката. Фала му на Господ“, додаде тој.

Во моментот на пронаоѓање на девојчето, тоа сè уште било поврзано со мајката со папочна врвца.

„Ја пресековме и мој роднина веднаш ја однесе малечката во болница“, изјави Савади.

На видео снимката која кружи по социјалните мрежи може да се види како маж, среде урнатини, подигнува голо бебе, целото во прашина, од кое виси папочната врвца. Спасувачите веднаш го завиткале бебето во ќебе, со оглед на минусните температури.

Извор: twitter/@rami498

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе