Вести Свет Топ вести

(Видео) Брзата градба една од причините за големиот број жртви во земјотресот во Турција и Сирија

Турската национална стратегија за земјотреси и акционен план (ПДФ) за 2012-2023 година наведува дека масовната и брза миграција во текот на 1950-тите довела до слабо надгледуван урбан развој, правејќи ги градовите „критично ранливи“ на природни опасности.

По земјотресот во 1999 година, турските институции ја препознаа итната потреба за намалување на ризикот во земјата подложна на земјотреси, а следната година беше одобрен закон за спроведување задолжителни градежни проверки и градежни инспекции на сите згради.

Сепак, зградите изградени според прописите отпорни на земјотреси сè уште се во помал број. Оние што беа урнати датираат од пред 2000 година.

6.217 згради низ југоисточна Турција се урнаа во понеделникот, според државната агенција за катастрофи. Најмалку две болници, една во Хатај и една во Искендерун, беа меѓу нив.

Замокот Газиантеп, кој потекнува од времето на Хетитското кралство и бил проширен под Римското царство, изграден во вториот век, делумно се урна.

Според, Крис Елдерс, професор на австралискиот Универзитет Куртин, рече дека длабочината на првиот земјотрес од околу 18 километри исто така придонела тој да биде особено разорен.

На мала длабочина, вели тој, „енергијата ослободена од земјотресот ќе се почувствува многу блиску до површината со многу поголем интензитет отколку кога би била подлабоко во земјината кора“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе