Потрагата по преживеаните од земјотресот во Турција и Сирија продолжија цела ноќ на студено време и во обид да се спасат повеќе луѓе заглавени под урнатините.
Стотици семејства се заглавени во над 4 илјади урнати и пеплосани згради. По ден и половина по земјотресот спасувачите ги слушаат нивните крикови и бтзаат знаејќи дека на преживеаните им треба вода и простор низ урнатините за да може да дишат.
Снимката од градот Малатија каде спасувачите извлекуваат тригодишно дете од урнатините носи надеж дека се уште има време за спасување на преживеаните.
Момчето беше извлечено 22 часа по земјотресот. Целото беше во прав од градежните остатоци под кои било речиси цело деноноќие.
Првиот спасувач кој го извлекува детето го бацува и го предава на човечкиот спасувачки синџир. Некои од нив гласно се радуваат и извикуваат Алах е голем.
По кратката радост, спасувачите се враќаат на макотрпната работа на урнатината за да наоѓаат уште живи, а затрупани луѓе во Малатија.
A miracle after 22 hours!
A 3-year-old baby was just rescued from the rubble in Malatya, one of the epicenters of #Turkiye earthquake.
— Hakan Copur (@hakancopur1) February 7, 2023