Вести Свет Топ вести

Германски медиуми за наводна понуда од САД: За Украина – „мир за земја“, за Русија – „земја за мир“

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс наводно му понудил на Киев „мир во замена за земја“, а на Москва – „земја во замена за мир“.

Според германскиот весник „Ноје Кирхер Цајтунг“ (НЗЗ), кој се повикува на двајца германски политичари, Барнс, во јануари им предложи на Москва и Киев да склучат мир, според кој 20 отсто од окупираната територија на Украина би била на Русија.

Сепак, двете страни ја одбиле таквата понуда. Во Киев ги отфрлаат сите предлози за поделба на нивната територија, а во Москва се сигурни дека „во секој случај долгорочно ќе ја добијат војната“.

„Оваа верзија на настаните е целосно лажна“, изјави неименуван функционер на ЦИА за „Њузвик“.

Заменикот портпарол на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Шон Дејвид, рече дека информациите на НЗЗ „се невистинити“. Официјално, ниту Москва ниту Киев не ја коментираа оваа информација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе