Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово околу 5 часот во Словенија, во која автобус со странски регистарски таблички излета од коловозот, пришто загинаа три лица, а повеќемина се повредени, јавуваат словенечките медиуми.
Несреќата се случила на автопатот кон Марибор, соопшти полициската управа Мурска Собота.
Словенечки „Новице“ објави дека, неофицијално, станува збор за романски автобус.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.