Вести Македонија Топ вести

Истрага против пет лица – со закани и физичка сила принудувале малолетничка на сексуални услуги

Скопското обвинителство отвори истрага против пет лица кои се сомничат за кривичното дело „трговија со дете“. Осомничените, на возраст од 21 до 39 години, во временскиот период од месец август до 19 септември минатата година, на различни локации, користеле сексуални услуги од малолетничка.

„Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи, врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 14 јануари изврши претрес во дом и други простории на осоничените на подрачјето на Кавадарци. Петтемина осомничени беа лишени од слобода и изнесени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кој на предлог на јавниот обвинител, со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението на Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Дваесет годишникот за кој веќе се спроведува истражна постапка за сторено кривично дело „Трговија со дете“, со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувал малолетничката на вршење полови дејствија и да дава сексуални услуги на осомничените за паричен надоместок од 1.000 до 2.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе