Вести Македонија Топ вести

Новиот директор на АНБ не дојде да објасни зошто се потпишал на одобрението за државјанство на Онишченко?

Потписот на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Зарко Милошевски, стои меѓу десетте потребни потписи од надлежните сектори со кои е одобрено државјанството на Онишченко, дознава Телма. Но, тој не се појави на собраниската комисија, за да објасни зошто се потпишал, како и кој направил безбедносен пропуст со контраверзниот украински бизнисмен. Пратениците од комисијата за надзор на работата на агенцијата, повеќе од половина час ги чекаа и него и стариот директор, Виктор Димовски, за кого имаа подготвено четириесеттина прашања.

Пренџов најави дека директорите набргу повторно ќе бидат повикани пред пратениците, а од епилогот на оваа седница, ќе зависи и дали на Димовски ќе му биде одобрено да замине за амбасадор во Франција. Претседателот на комисијата за надворешна политика чека разврска на случајот, за да закаже седница.

Премиерот денеска не одговори на прашањето дали Димовски ќе оди на амбасадорското место во Париз пред да заврши истрагата за случајот Онишченко, велејќи дека, што се однесува до владата, постапката е завршена, а за понатаму одговараат Собранието и претседателот на државата. Не одговори директно ниту, зошто Милошевски е унапреден и покрај тоа што сè уште не е утврдено дали неговиот сектор направил безбедносен пропуст со контраверзниот украински бизнисмен, туку повтори дел од неговата биографија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

(Видео)„Марш за ангелите во Кочани“ – деветти собир за загинатите во пожарот во дискотеката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе