Вести Македонија

Кривична пријава против раководител во Министерството за животна средина за проневера тешка 455.368 денари

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава против едно физичко лице  во својство на службено лице- Раководен  државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение дека истиот во текот на 2021 година ја искористил својата службена положба односно постапил спротивно на член 108 ст.1 и ст.8 од Законот за животна средина, на начин што без да биде извршен увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдување на исполнувањето на барањата согласно законските прописи, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на ЈПДКО Дрисла Скопје, иако истите не поседувале соодветна опрема и инсталации за прием и третирање на 22 шифри на опасен отпад од наведените 36 во издадената дозвола, по што во текот на 2021 година во ЈПДКО Дрисла бил примен и третиран 16.900 килограми опасен отпад од неколку правни субјекти,  со што пријавениот  сторил и кривично дело Загадување на животната средина и природата согласно член 218 од Кривичниот законик на РСМ, а притоа наведениот правен субјект се стекнал со имотна корист во износ од 455.368 денари, соопштуваат од Управа за финансиска полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе