Свет Топ вести

Ерменија и Азербејџан го обновија судирот околу Нагорно Карабах

Еден од најстарите конфликти во светот, територијалниот судир меѓу Ерменија и Азербејџан, повторно се разгоре со најжестоките судири по подолг период.

Најмалку 23 луѓе се убиени вчера , во борбите меѓу воените сили на двете држави за регионот Нагорно Карабах.

Овој регион е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но мнозинското население се етничките Ерменци. По сецесијата на Нагорно Карабах кон почетокот на 90-тите години од минатиот век, Азербејџан и Ерменија започнаа воен судир во кој беа убиени 30 000 луѓе, додека 1 милион луѓе беа присилно раселени.

Конфликтот во планините на Кавказ остана неразрешен повеќе од три децении и периодично се разгоруваа судирите.

Двете страни тврдат дека се жртви кои само реагираат на агресивните постапки на својот непријател. Азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, изрази увереност дека неговите воени единици ќе ја вратат контролата во регионот.

 “Утринава, ерменските воени сили отворија оган кон нашите населени места, како и нашите воени позиции, вклучувајќи и од тешка артилерија, од повеќе насоки. Како резултат на непријателскиот оган, имаме жртви меѓу цивилното население и нашите војници. Нивната крв нема да биде залудно пролеана” – изјави азербејџанскиот претседател.

Во делови од Азербејџан, како и Ерменија и Нагорно – Карабах прогласена е воена состојба. Ескалацијата на насилството би можела да ги дестабилизира пазарите, бидејќи регионот на Јужен Кавказ е коридор за цевководите кои пренесуваат нафта и природен гас од каспиското море за светските пазари.

“Избувнувањето на голем воен судир во Јужниот Кавказ, што сега е опасност, би имале непредвидливи последици. Би можело да излезе надвор од границата на нашиот регион и се прошири , при што ќе ја загрози меѓународната безбедност и стабилност. Ја повикувам меѓународната заедница да ги искористи сите можни средства за да спречи мешање на Турција, што секако би го дестабилизирало регионот” – изјави ерменскиот премиер, Никол Пашинијан.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вети помош за Азербејџан, барајќи и светската заедница да застане зад оваа држава , во нејзината борба против инвазијата и суровоста.

Официјална Анкара има исклучително блиски врски со Азербејџанските турци, додека Русија, која се смета за традиционален сојузник на Ерменија, повика на итен прекин на насилството и преговори за стабилизирање на ситуацијата.

Истовремено и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара од двете страни да престанат со борбите.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе