Вести Македонија Топ вести

Домаќинствата се враќаат на греење на дрва- аерозагадувањето се зголемува

Скапата струја за греење  го зголемува и аерозагдаувањето во урбаните средини, за кои до лани и не беше каратеричисно во текот на зимскиот период. Домаќинствата се враќаат на греење на дрва и други загадувачки енергенси. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски кој  со години работи на ова проблематика вели деновиве мерните станици покажале зголемување на ПМ честичките во воздухот во повеќе урбани средини, меѓу кои и во Охрид.

Штип засега нема проблеми со аерозагадувањето поради местоположбата и ветерот. Мираковски смета дека  решението за намалување на загадувањето на воздухот во градските средини низ земјава е градење на системи за греење и добивање на струја од обновливи извори.

Скопјани лани дишеа на шкриги, мерните станици покажуваа дека е меѓу десете најзагадени  градови во светот. Колкаво ќе биде загадувањето оваа зима ќе се анализира на крајот од грејната сезона.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе