Вести Македонија Топ вести

По 16 години исчекување вработените од АД Медицинска пластика повторно гледаат надеж дека ќе си ги наплатат своите побарувања

Неисплатени 30 плати, придонеси за 5 години и акции, поранешните вработени во АД Медицинска пластика од Тетово, 16 години чакаат да си ги добијат своите права.

Се работи за околу 500 вработени, а дел од нив денес се собраа да ги повторат нивните барања, откако добиле сознанија дека објектот на фабриката ќе се продаде.

  • „Секаде сме се обратиле и по приватни адвокати и неколку вработени имаат тужби дека го добиле случајот. Има повеќе од вработените кои сме чекале државата да ни го реши случајот, со мирно со фино како секој вработен и граѓанин. Кога се продава фирма прво се исплаќа долгот на вработените“, вели Верица Ивановска, поранешна работничка во фабриката.

Вработените велат дека никому не е исплатено, иако дел имаат правосилни судски одлуки, а дел потпишале вонсудски спогодби.

  • „Немавме долго време земено плата, на моменти ќе земеме, на моменти не. И дојде до ситуација кога не можевме веќе да работиме и не натераа да потпишеме вонсудска спогодба, јас ги имам тие документи, секој потпишал, со обврска дека по три години ќе ни ги врати парите“, Михајло Илиќ, поранешен вработен во фабриката.

Фабриката за производство на медицинска пластика од Тетово, која сега е во стечај, беше единствена од ваков вид во Македонија и пошироко во регионот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се формира комисија во врска со детето од Кавадарци

Дејан Дејан

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Израелски сили пресретнаа брод со активисти на пат кон Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе