Вести Македонија Топ вести

Дејвид Гир: Корупцијата ја јаде државата и системот од внатре, потребна е акција

Корупцијата ја јаде државата и системот од внатре. Потребна е акција и силна воља на политичките лидери со помош на Меѓународната заедница за да се преземат чеклори, прво во судството, а потоа во сите други инстанци порачаа Евроамбасадорот Дејвид Гир и Ерик Меер, заменик шеф на мисијата на амбасадата на САД во Македонија на денешната регионална конференција посветена на борбата против корупцијата чиј домаќин беше вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Вицепремиерката Славица Грковска задолжена за политики за добро владеење на новинарски прашања рече дека немала средба со американскиот тим за санкции но рече дека секоја помош е добредојдена.

Во однос на отсуство на републичкиот јавен обвинител Јовевски за кого во Tоп Tема рече дека не треба да биде избран за уставен судија, бил поканет на денешнатѕа регионална конференција но иако потврдил, не се појави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повредено лице евакуирано со хеликоптер од Ливадичко Езеро

Дејан Дејан

СДСМ со осуда за говорот на Мицкоски

Дејан Дејан

Пред пратениците предлогот за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе