Вести Македонија

Премиерот ги повика приватните превозници да ги ослободат улиците, тие бараат гаранции за решавање на проблемот

По Данела Арсовска, и премиерот Ковачевски крена раце од приватните превозници. Побара да ги ослободат улиците од блокадите за да има дијалог. Превозниците, пак, бараат гаранции за решавање на проблемот. Сè дотогаш автобусите остануваат да бидат паркирани на „Илинденска“.

И додека ВМРО-ДПМНЕ бара одговори дали бугарска фирма ќе го преземе превозот во градот Скопје, сомнежот расте и кај приватните превозници.

Партиите и денеска со меѓусебни препукувања.

„Проблемот е од СДС, тие и можат да го решат, нека почнат со раскинување на договорот за набавка на гориво, а нека завршат со барање оставка од Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е единствено во неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ“, одговорија од СДСМ.

Градот молчи и на прашања на Телма дали и колку приватни превозници се пријавиле на огласот и дали се точни информациите дека бугарска фирма ќе го преземе превозот во градот Скопје.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе