Млада скопјанка починала во стан во скопската населба Мичурин, соопшти МВР.
- На 08.12.2022 во 14.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улицата „Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство, информира МВР.
Како што информира министерството, увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.