Вести Македонија Топ вести

МНР побара извинување од Софија

Министерството за надворешни работи со протест до бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков, по изјавата на бугарскиот министер за надворшни Георг Георгиев.

Тој бил повикан на разговор во МНР и му било укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од висок функционер на бугарската влада. Министерството за надворешни работи најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон премиерот Христијан Мицкоски и институциите на Македонија.

Таквите изјави, во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава, претставуваат директна повреда на основните принципи на меѓународното право и дипломатската комуникација.

Изјавите не придонесуваат за унапредување на добрососедските односи и се во спротивност со духот на конструктивен дијалог и заемно почитување што треба да ја води соработката меѓу двете земји, пишуваат од Македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија и очекуваат официјална Софија да упати извинување.

Бугарија го обвини Мицкоски за „непријателство“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе