На позитивна траекторија за кредитирање, со силна побарувачка, како од корпоративниот, така и од малопродажниот сектор укажува Истражувањето за кредитирање на банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа на Европската инвестициска банка, направено во првата половина на 2025 година. Тоа открива дека иако побарувачката за кредити се зголемила, понудата на кредити заостанувала во последните три години. Сепак, банките изразуваат оптимизам за мало олеснување на условите за понуда во текот на следните шест месеци, особено во однос на кредитирањето мали и средни претпријатија.
„Ова истражување го нагласува високиот пазарен потенцијал во Чешка, Бугарија, Словачка и Романија, при што профитабилноста е поголема во регионот во споредба со вкупното работење на банките во групацијата. Банкарскиот сектор во ЦИЈИЕ се покажува отпорен, а ЕИБ ќе продолжи да го поддржува растот на областа“, изјави Киријакос Какурис , потпретседател на ЕИБ. „Охрабрени сме од подобрувањата во банкарскиот сектор во ЦИЈИЕ во текот на изминатите шест месеци. Сепак, банките мора да останат будни со оглед на моменталните глобални предизвици, стои во соопштението.
Значителна е побарувачката за кредити, особено кај малите и средни претпријатија. Оваа побарувачка е поттикната од бизниси кои бараат финансирање за инвестиции и оперативни трошоци, како и од поединци кои сакаат да инвестираат во домување.
„Подобрувањата во перспективите на банкарскиот сектор во ЦИЈИЕ во текот на изминатите шест месеци се знак за силата на системот. Сепак, глобалното опкружување укажува на претстојни структурни адаптации во реалната економија и пренасочување на трговските и инвестициските текови. Банките ќе бидат предизвикани да ја обезбедат потребната флексибилност за да се приспособи економијата, вели Дебора Револтела, главен економист во ЕИБ.
Ова истражување се спроведува два пати годишно од страна на Европската инвестициска банка. Опфаќајќи околу 15 меѓународни банкарски групации и 85 локални подружници.