„Сите сакаат да ја занемарат ставката за субвенции и трансфери во ребалансот на буџетот, ставката трансфери до невладини организации 2,2 милијарди евра“, истакна поранешниот ви це премиер и министер за економија, Фатмир Битиќи, во вечерашната емисија Вин Вин на Телма. Според него состојбата не е розева, туку доста проблематична.
Тој истакна дека колку за споредба за 3.000 луѓе со дијабет Тип 1, проблемите ќе се решат во 12 милиони евра.
Според него со 37 милиони евра може да се купат 120 противпожарни возила, а пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата, ете за тоа би гласале ние во парламентот.