Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно започна со испорака на оружје за Украина, само една недела по наредбата на Пентагон за привремено стопирање на дел од пратките… Според официјални извори од Белата куќа, новата пратка вклучува 155-милиметарска муниција и прецизно наведувани ракети… Прекинот на испораките бил нареден од секретарот за одбрана Пит Хегсет поради загриженост за намалени резерви во американските магацини, а наводно за тоа не бил информиран ни самиот Трамп… Сè уште не е разјаснета судбината на ракетите „Патриот“, чија вредност изнесува околу четири милиони долари… Трамп во понеделникот изјави дека САД ќе продолжат да испорачуваат одбранбено оружје на Украина, но избегна директен одговор за тоа кој ја дал наредбата за пауза на испораката… Од почетокот на руската инвазија, САД ѝ имаат доделено на Украина над 67 милијарди долари воена помош…
Трамп повторно започна со испорака на оружје за Украина
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.