Вести Македонија Топ вести

Синдикалната организација при Агенцијата за администрација бараат зголемување за 30 проценти на платите

Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Синдикалната организација при Агенцијата за администрација бараат зголемување за 30 проценти на платите на вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување во Агенцијата за администрација, а во спротивно најавуваат дека прекин на работниот процес. Осумдесет проценти од вработените во Агенцијата за администрација, соопштија денеска синдикатите, имаат пониска плата од просечната плата на државата.

Синдикатите во сооопштение изразуваат загриженост за состојбата во која се наоѓаат вработените во Секторот за селекција на кандидати за вработување, за кои истакнуваат дека секојдневно со години наназад се соочуваат со притисоци (институционални, административни, политички, јавни и психолошки).

-Токму овие вработени ги спроведуваат постапките за вработување во јавниот сектор. Одговорноста при извршувањето на работните задачи во услови на притисоци и кратки рокови која ја имаат овие вработени е огромна, особено имајќи го предвид фактот дека заклучно со 09.07.2025 година, бројот на објавени огласи за вработување на административни службеници изнесува 730, а голем број од овие јавни огласи се објавени за повеќе работни места, односно извршители. Ова е највисока бројка на објавени огласи за вработување од кога постои Агенцијата за администрација, видно од годишните извештаи за работа на Агенцијата за администрација, објавени на нејзината веб страница. Со години наназад пред распишување на сите досегашни избори, а и оваа година, за да се завршат огласите пред да се распишат локалните избори, вработените од Секторот за селекција во Агенцијата за администрација работат под исклучително голем притисок кој произлегува од спроведувањето на постапките во многу кратки рокови, што директно влијае на нивното ментално и физичко здравје како и попречување на нивното нормално функционирање надвор од работното време, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе