Вести Свет Топ вести

Пожарот кај Атина под контрола, гори на островот Тасос, активен пожарот кај Дојранско Eзеро

Подобрена е ситуацијата во трите пожари што вчера избувнаа во Грција на три различни локации, едниот во близина Атина, што е речиси изгасен, вториот на островот Тасос, а третиот кај Дојранското Eзеро што од селото Николиќ премина на грчка територија.

Кај Дојранското Eзеро на грчка страна, утрово продолжува гаснењето на пожарот, меѓутоа ситуацијата е подобрена, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција.

Шумскиот пожар во Главкади, во северниот дел на островот Тасос, што избувна кусо пред полноќ, се гасне со 62 пожарникари со две пешадиски тима, 20 возила, шест авиони и два хеликоптери, а утрово е значително подобрена состојбата. Според грчки „Екатимерини“, пожарот е на нерамен, тешко достапен терен што ги комплицира напорите за негово контролирање. Активен е на два фронта – еден во областа Гликади на најсеверниот дел на островот, а другиот се движи кон популарното крајбрежно одморалиште Пахис и селото Рахони.

Поради пожарот, дел од островот е без струја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе