Вести Македонија Топ вести

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето, канцерогени супстанци има во се што согорува. Посебно се опасни по здравјето на луѓето пожарите на дивите депонии, како што беше вчерашниот на отпадот за старо железо во скопско Визбегово,  бидејќи во нив не се знае што се е депонирано, кое е токсично и штетно по здравјето на луѓето, појаснува ректорот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски, кој воедно е и еден од експертите на лабараторијата АМБИКОН за мерење на аерозагадувањето.

  • „За жал пожарите на депониите, посебно на дивите каде не се знае составот на отпадот што е депониран, се многу опасни, бидејќи емитираат состојки  во кратко време високи концентрации на многу токсични компоненти, се шират во близина на местото каде настанал пожарот. Тоа е една од причините кои дополнително го загадуват воздухот. Канцерогени супстанци има во се што се согорува“, вели проф.д-р Дејан Мираковски.

Опасни по здравјето на луѓето се и шумските пожари, бидејќи при  согорување на дрвата од вкупно 24 идентификувани компоненти,  дури 14 се канцерогени. Според Мираковски, емисиите се присутни во воздухот додека трае пожарот, а потоа се дисперзираат.

  • „Емисиите се присутни во водухот додека трае пожарот. Тие се дисперзиират во многу широк простор, неограничен и се намалува нивната концентрација и не е опасна веќе за здравјето или се таложат во околината на пожарот. Генерално покрупните честички, другото се расејува во многу широк простор и се намалува концентрациите. Опасно е да бидете блиску, односно директно до димот од пожарот“, изјави проф.д-р Дејан Мираковски.

Решението за да се намали бројот на пожарите е нашата земја да има современи депонии, а во моментов системот за управување со отпад во државата е нефункционален и наместо депонии, имаме нестандардни и несанитарни ѓубришта, на кои не се води контрола што и дали соодветно се депонира. Мираковски забележува дека отпад имаме насекаде во градовите, селата, но и во природата, каде што  лесно се пали. Брегалничкиот регион веќе над една деценија ја чека изградбата на современиот систем за отпад кај светниколско Мечкуевци, средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе