Вести Македонија

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, искоментира претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.

-Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите, оставате го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача „ајде сега закачај се, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот, одговори кусо Мицкоски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)


Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид како и дека бил спречен обид за пропаганда од страна на Скопје. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“ премиер.

Според насоките на МНР, по потпишувањето на Преспанскиот договор за промена на името на државата, прифатлива е употреба на одредницата „на Северна Македонија“ наместо придавката северномакедонска. Употребата на придавката се смета за навредлива, но многу често странски медиуми ја користат и покрај насоките на МНР.

ЕП го усвои Извештајот за Македонија без македонскиот идентитет и јазик

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе