Вести Македонија Топ вести

Георгиев: Успеавме да спречиме ЕП да биде искористен за домашна политичка пропаганда на Мицкоски

Успеавме да спречиме Европскиот парламент да биде искористен за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северно- македонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка од сугестии кои не рааѓаат со плод, вели министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев.

Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, Република Македонија мора да го има тоа предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Република Македонија во моментов е само кандидат,  Ова го изјави Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани македонскиот идентитет и јазик по  обвинувањето од премиерот Христијан Мицкоски дека Бугарија сака да ја уништи Македонската нација, објави БГНЕС.

Во разговор за БТВ, Георг Георгиев изјави дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.

Темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница. Имаме заедничка историја и ова не треба да биде присвојувано од никого“, вели министерот за надворешни работи на Бугарија, вели Ѓоргиев.

Според Георгиев Мицкоски спроведува кризен пиар веројатно како што вели  за да се оправдал пред сопствените граѓани затоа што ги излажал.

Верувам дека граѓаните на РСМ, кои го заслужуваат своето членство во ЕУ и заслужуваат лидери кои можат да ги водат кон неа, можат да разликуваат што е реално на патот на европската интеграција и што ги оддалечува од неа“, додаде Георгиев.



© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе