Европската унија стави во приправност 22 противпожарни авиони, 4 хеликоптери и 650 пожарникари, подготвени за распоредување во земјите-членки поради зголемената опасност од суши и пожари што веќе ги зафатија делови од Европа… Еврокомесарката за подготвеност и управување со кризи, Хаџа Лахбиб, предупреди пред Европскиот парламент во Стразбур дека континентот се соочува со „рекордни горештини, долготрајни суши и уништувачки пожари“ – што се директна последица на климатските промени… „Не смееме да замижиме. Топлотниот бран што многумина го почувствуваа пред само десет дена е јасно предупредување: климатата се менува пред наши очи“, рече Лахбиб. Пожари веќе избувнаа во Франција, Грција, Германија, Шпанија, Албанија, Србија и Турција. Преку механизмот „RescEU“, ЕУ ќе обезбеди поддршка на секоја земја што ќе побара помош…