Вести Македонија Топ вести

Еден загинат во сообраќајна несреќа во близина на Охрид

Едно лице го загуби животот, а има и повредени во тешката сообраќајна несреќа која што се случила  синоќа на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на аеродромот во Охрид.

Во сообраќајката несреќа учествувале два автомобили едниот со македонски, а другиот со албански рагистарски ознаки.

На местото на несреќата биле веднаш испратени екипи на Службата за итна медицинска помош, на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и на сообраќајната полиција.

Извршен е увид за утврдување на околностите што довеле до трагичниот настан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе