Вести Економија Топ вести

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Граѓаните оставиле повеќе пари во трговијата, но купиле помалку производи. Опаѓа куповната моќ, а тоа може да се види и низ бројките на статистика. Во последното нивно соопштение стои дека во мај годинава, во однос на мај лани, односно за една година, прометот во трговијата на мало со храна, пијалоци, тутун се зголемил за 5,5 проценти, но за повисоката сума се купиле помалку продукти.

Од ССМ коментираат дека состојбата со цените одамна е алармантна. Уште во март кога се правела корекцијата на минималецот, предупредиле дека зголемувањето нема да биде доволно. Сметаат дека мерки треба веднаш да се донесат, со оглед на тоа што пред нас следи изборен период кој ќе закочат се.

„Со оние пари кои што можеле минатата година во овој период да купат, сега не можат ни пола од тоа да купат. Така да мислам дека мерките треба многу наскоро да се преземат. Ни остануваат само месец дена, помалку од месец дена. Потоа станува оној предизборен молк во кој не се носат ниту закони, ниту се преземаат одредени мерки. Мора што поскоро да се донесат одредени мерки, економскиот совет да седне и да се најде решение. Дали тоа ќе биде покачување на плати, дали намалување на цени, дали царини, маржи“, вели Љупчо Радовски.

Од ССМ велат и дека Законот за нефер практики кои се скрои и донесе за да стави ред на  проблемите со цените не функционира, иако очекувањата биле големи.

„Од институциите слушаме дека има многу малку инспектори кои што би можеле сето тоа да го пратат и да го контролираат, додава Радовски.

Вчера статистика објави и дека инфлацијата во јуни годинава, во однос на јуни лани, е зголемена за 4,5 проценти. За една година најголемо поскапување има кај овошјето од 21 процент, тука е и зеленчукот, но се зголемиле цените и на лебот, шеќерот, маслото, млекото, мастите, сирењето, јајцата.

Поскапеле и хотелите и рестораните, но и здравствените услуги.

Премиерот Мицкоки кажа дека тоа е заради поскапување на одредени услуги кај храната, без да прецизира на што точно мисли. Најави мерки, но точно кога ќе бидат донесени не кажа. Одговори дека ќе бидат соопштени многу скоро.

Само за споредба, од 2021 година досега граѓаните потрошиле дури за 30 отсто повеќе пари, а купиле за 7 проценти помалку прехранбени производи.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силно невреме: Се сруши Кран во Белград

Дејан Дејан

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе