Претседателката Сиљановска Давкова ќе чека да биде донесен новиот закон за судски совет па да предложи кандидат за ова тело. Утре му истекува мандатот на членот Миљазим Мустафа предлог на најзиниот претходник Пендаровски а претседатлеката денеската ќе го извести собранискиот спикер Гаши за причините зошто сега не предлага негов наследник.
Смета дека критериумите за избор во актуелниот закон, кој го нарече лош, се несоодветни и овозможуваат политизација и партизација во судскиот совет.
- Работата на советот минус еден член, нема да го оневозможи одлучувањето, бидејќи знаете дека одлуките се носат со осум члена од петнаесетте. Кога мерам јас не би сакала во последниот воз или налет по стариот закон каде што не е јасно што е тоа истакнат правник, а да не говорам и за самата постапка, таа не е конкурентна, не е компетитивна, со еден кандидат е, има решенија кои што мислам дека е добро секој нов член на Судскиот совет да ги исполни за да влезе во Судскиот совет- Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на РС Македонија.
Како чудно решение во актуелниот закон, го посочува тоа што може да биде избран само професор со правосуден испит е пречка тие да влезат во ова тело. Тоа е отстрането во новиот предлог закон за судски, а според претседатлеката во него има и многу други предности како што е постпаки на избор со комисија интервју и вклучена јавност
Според верзијата на предлог законот која сега е објавена, Сиљановска Давкова до пратениците ќе треба да предложи два кандидата а Собранието да избере еден од нив.
Одлуката да го почека законот го донела во консултаија со експерти, адвокати судии и со министерот за правда кој ја уверил дека донесувањето ќе оди брзо.
Согласно реформската агенда местото на Мустафа треба да се пополни со член избран според новиот закон за судски совет но предлогот е во владина процедура а рокот да биде донесен во Собранието беше кон крајот на јуни.
Во меѓувреме од министерството за правда информираа и дека го добиле мислењето од Венецијанската комисија кое го опишуваат како конструктивен документ со јасни насоки и препораки.
Следни на кои им истекува мандатот во судкси совет се Весна Дамева и Селим Адеми во декември.
Елена Ивановска Мукоска