Вести Македонија Топ вести

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Наместо со роденденска честитка, владеачката коалиција со предлог оглас за мегов наследник, четири дена пред роденденот, му посака убави пензионерски денови на актуелниот народен правобранител Насер Зибери.

Тројцата координатори на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до спикерот Гаши упатија барање да распише оглас бидејќи на 12-ти јули, Зибери полни 64 години, со што ги исполнува условите за старосна пензија, а согласно Законот за народен правобранител, мандатот на Правобранител престанува кога ќе ги исполни условите за пензија.

Според информации на Телма, на утрешната седница на Собранието ќе биде додадена точката за распишување на огласот, а по усвојување огласот ќе биде објавен наредниот ден. Огласот ќе трае десет дена по што Собранието ќе го избере новиот Народен правобранител.

Сепак, доцното објавување на огласот ќе предизвика дупка во функционирањето на Народниот правобранител од најмалку половина месец.

Огласот се објавува доцна затоа што не беа изгласани измените на законот со кои се бришеше одредбата за престанок на мандат со исполнети услови за пензија на правобранителот. Законските измени стигнаа до гласање, но не поминаа бидејќи не се обезбеди бадинтерово мнозинство.

За состојбата предизвикана од законското решение кое многу скоро ќе биде избришано, Зибери алармирал кај надлежните собраниски служби, изјави правобранителот за последното издание на КОД.

Денеска, Зибери, телефонски кратко ни кажа дека е во канцеларијата и работи и се повика на изјавата од емисијата прикажана на Телма во неделата во која рече дека сугерирал да му биде продолжен мандатот со тоа што побарал од собраниската Комисија за избори и именувања да му овозможи продолжување за три години на работниот век, во согласност со законските измени донесени пред извесен период. Не добил никаков одговор.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања, Ѓорѓија Сајковски ни изјави дека комисијата нема такви надлежности за да одобри некој функционер да продолжи да работи и ипо исполнување на условите за старосна пензија. Сајковски ни рече дека законските проблеми требало да се решат со измени, но тие не беа изгласани.

Народниот правобранител е институција која се грижи и ги заштитува правата на граѓаните од злоупотреби, лошо постапување и непостапување на државните институции и функционери.

Зибери беше избран за омбудсман во јануари 2021-ва и заминува по 4 и пол години иако мандатот на првобранител е 8 години.  На изборите 2020-тата, ДУИ го промовираше како кандидат за премиер -Албанец поради што тогашната опозиција го оспоруваше неговиот избор.

Сега, со законското решение кое исто така треба да се „пензионира“ тогашната опозиција, а сегашна власт најде начин да го смени. ДУИ пак пред гласањето кое можеше да го спаси Зибери порача дека нема да ги гласа законските измени.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе