Вести Македонија Топ вести

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дел од европратениците најавиле дека нема да го поддржат амандманот со кој се бара бришење на зборовите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ во Нацрт-извештајот на Европскиот парламент, тврди премиерот откако трите најголеми политички групации во Европскиот Парламент се договорија да предложат отстранување на овие термини од финалната верзија на текстот. Според него, ова е првпат од осамостојувањето на Македонија, нејзиниот идентитет и јазик да бидат вклучени во ваков документ, а обидите тоа да се избрише ги спореди со „талибански начин на делување“.

Мицкоски вели и дека официјална Софија има јасна цел – со внесување на Бугарите во уставот, ќе ги негира пописните податоци во Македонија и ќе бара соодветна застапеност. Доказ за ова, според него, е и објавената бројка од бугарската влада за 216.000 бугарски пасоши во Македонија, која ја објави бугарската влада, вели премиерот Мицкоски.

Претседателката Сиљановска-Давкова остро ги критикуваше Европскиот парламент и Европската Унија, за сериозен демократски дефицит и уривање на европските вредности.

„Заедничкиот амандман е предложен од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), и со него се предлага бришење на делот од текстот кој гласи: „целосно почитувајќи го македонскиот јазик и идентитет…“, истакнува Силјановска Давкова.

На Извештајот се поднесени дополнителни 28 амандмани, меѓу кои и тој со кој се бара наместо македонска влада, да стои – Влада на Република Северна Макеоднија. Бугарските европратеници повторно имаат и амандман со кој бараат Протоколот со Бугарија да влезе во Извештајот за напредокот на земјата. Тука е и амандманот со кој се предвидува вметнување на зборот „современ“ пред „македонски јазик и идентитет“.

Грчки европратеници, пак, бараат замена на „македонска“ или „македонски“ со „на Северна Македонија“ и „национално наследство“ со „државно наследство“.

Кон Предлог-извештајот е придодадено и т.н. „Малцинско мислење“, предложено од бугарскиот европратник Валчев, кое гласи: „Референцата „македонски идентитет“ треба да се сфати строго и единствено во неговиот современ контекст на идентитетот на луѓето кои имаат чувство на припадност кон одредена група“.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе