Вести Економија Топ вести

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Околу 8 милиони евра најверојатно ќе го чини МЕПСО, раскинувањето на договорот со фирмата Енергоинвест ДОО Сараево,  која работеше на  енергетското поврзување со Албанија, велат извори за Телма. Од преносниот систем пак на прашњето на Телма колку би требало да се плати и колкави би биле финансиските импликации, одговорија дека се уште се утврдуваат обврските кои би ги имале двете страни по прекинот на договорот. Велат,  дека целиот процес се одвива според меѓународни стандарди за да има правична разрешница.

По овој потег МЕПСО на крајот на април објавен и нов повик. Од компанијата тврдат дека рокот за понуди е продолжен по барање на понудувачите. Уверуваат дека интерес има. Од кои компании, дали од земјава или странство од преносниот систем не откриваат. Поради правилата на постапката не можат да соопштат повеќе информации.

На теренската посета присуствувале 14 фирми, но конечната одлука за тоа која компанија ќе биде избрана, ќе се знае откако ќе заврши процесот на евалуација. Со тендерот се предвидува изградба на 100 километри далновод и трафостаница Битола 2 до македонско- албанска граница. Вкупната инвестиција е 17 милиони евра. Парите се од заеми и грантови од ЕБОР. Планот е изградбата да почне идната година, а да заврши на крајот од 2027.

Претходно МЕПСО го раскина договорот со Енергоинвест ДОО Сараево поради непочитување на обврските и барање на дополнително плаќање заради зголемени трошоци на материјали и услуги.

Oд МЕПСО пак за Телма велат дека оваа сума е паушална и шпекулативна, но не даваат конкретен одговор колку ќе треба да се плати за раскинатиот договор.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе