Вести Македонија Топ вести

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Европскиот парламент денеска во Стразбур ќе расправа по Предлог-извештајот на европратеникот Томас Вајц, кој ја повторува поддршката за евроинтеграциите на Македонија и ја пофалува досегашната посветеност на реформите.

Извештајот ги истакнува успесите на земјата во процесот на скринингот и посветеноста кон демократските и социо-економските реформи, но и предупредува на одложувањата во пристапниот процес.

Во текстот се наведува дека земјата мора да ги исполни обврските од заклучоците на Советот од 2022 година, особено во однос на уставните измени.

Европратениците повикуваат Европскиот совет да даде јасен и недвосмислен сигнал дека ќе ја поддржи следната фаза од преговорите веднаш по исполнувањето на тие услови.

Контроверзии предизвика поднесениот амандман на членот 3, со кој се предлага бришење на делот за „целосно почитување на македонскиот јазик и идентитет“, како и точката каде се потсетува дека ЕУ го признава македонскиот јазик и идентитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе