Полицијата потврди дека едно лице загина вчера попладне во пожар во фарма кај железничката станица Ѓорче Петров. Покрај изгорено тело на жртвата, најдени се и изгорени домашни животни од опожарената штала.
-На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР.
Се гасне пожарот во реонот на Блаце