Вести Македонија

Скопје со валцери го одбележа јубилејот на Јохан Штраус

Скопските горештини синоќа не беа причина на едно место да не се обединат различни генерации и барем за миг низ валцерите, полките, маршот и ариите да бидеме дел од светот кој на 5 јули чествува 200 години од раѓањето на Јохан Штраус, кралот на валцерите. Радува фактот дека гледаме многу млади луѓе, мали деца и на тој начин со создава публика за која вреди да се креира програма, велат присутните.

Анкета граѓани:

Да е почесто и ние возрасните ќе ургираме со нас да доаѓаат за да ја сфатат музиката. Тие повеќе слушаат некоја модерна музика без разлика каква е, отколку класичната музика што ја слушаат и кога ќе почнат да ја слушаат ќе сфатат колку е убава и колку е порелаксирачка. Да го одмориш и телото и мозокот.

 

 Ме радува што овој амбасадор на Австрија во нашата земја има чувство за такви работи и многу често знае да организира настани од културата кои што за нас се интересни.

 

Концертите на отворено го нудат токму тоа запознавање со овој вид на музика, младите да дојдат да слушнат , наредното преслушување веќе ќе препознаваат, а тоа е добар пат да се едуцираат во оваа насока. 

 

Посебно ми се допаѓа што се на отворено и вакви настани треба да има многу повеќе во градот …. Недостасува навистина инаку преубаво е. Ние ги следиме и во парк кога има некој настан Филхармонија, ова е преубаво! 

Во рамки на концертот под диригентсво на маестро Винценц Праксмарер со оркестарот на македонската опера и балет настапија и сопранистката Бригита Симон и Иван Наумовски, бас- баритон. Да се настапува пред домашната публика е вистински предизвик и одговорност вели Наумовски кој неодамна настапи во Златната сала на виенскиот Музикферајн.

Ова нека биде еден поттик, да стане една традиција. Да направиме за помладите генерации, посебно за нив да ги научиме на онаа театарска и оперска естетика, на уметност, затоа што уметноста може да му помогне на развитокот на некое дете или на човек да кажам.  Во животот не може да одмогне во ниту еден случај, вели Иван Наумовски, бас – баритон. 

 

 Овој простор би сакале да го анимираме за повеќе проекти тука и да видиме каков одек ќе има од публиката и мислам дека ќе биде добро, истакна Оливер Арсовски, директор на НОБ.

Со овој настан по повод 200 години од раѓањето на Јохан Штраус Македонската опера и балет во соработка со Австриската амбасада  ја заокружи концертната сезона.

Новинар: Нина Стефанова

Снимател: Влатко Александров

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе