Шерифот на округот Кер, Лари Леита, соопшти дека 11 деца – учесници на летен камп и еден воспитувач сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што од петок навечер ја зафатија централна Тексас.
Според најновите информации, бројот на жртви од поплавите се искачи на речиси 70, откако спасувачите открија уште тела во најтешко погодениот регион – округот Кер. Таму животот го загубија најмалку 59 лица, од кои 38 се возрасни и 21 се деца, многумина од нив биле кампери долж реката Гвадалупе.
Дополнителни смртни случаи се потврдени и во окрузите Травис, Бурнет и Кендал. Властите нагласија дека потрагата нема да запре додека не се пронајде секое исчезнато лице. Спасувачките екипи продолжуваат со интензивна работа на терен, додека јавноста и роднините очекуваат вести за исчезнатите.
Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати