Вести Македонија Најважни

Градоначалникот на Кисела Вода влегува во трка за Скопје

По двочасовна седница, Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ излезе со очекуван кандидат за градоначалник на Град Скопје-актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Одлуката ја соопшти партискиот лидер, кој рече дека меѓу аргументите зошто токму тој, е тоа што се покажал како вреден и посветен градоначалник, достапен за граѓаните.

– Одлуката за Орце се темели на повеќе клучни фактори. Прво, анкетите покажуваат дека тој води убедливо, дури и петпати повеќе од решенијата што се спомнуваат во СДСМ. Второ, тој како градоначалник на Кисела Вода, со својата максимална посветеност, работливост и постојано присуство на терен, покажа и докажа дека и може и умее да работи за интересите на граѓаните, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски кажа дека е свесен во каков предизвик се впушта и во колку лоша состојба се наоѓа градот, но има идеи за подобрување на состојбата со хигиената, сообраќајниот и урбанистички хаос.

– Апсолутно сум свесен за девастираноста и сивилото што владее во градот. Спремен сум, по завршување на овие избори, повторно да го воскреснам Скопје, да стане град за достоинствен живот на сите наши сограѓани. Не очекувајте од мене да бидам салонски политичар, покажав дека сум многу често меѓу граѓаниоте и подготвен да работам во нивни интерес, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Грда Скопје.

Партијата досега откри 33 имиња на кандидати за градоначалници, а целата листа треба да биде објавена до крајот на август.

Паралелно течат разговори и со ВРЕДИ, со кои ќе има исто така соработка, но детали уште не се откриваат.

Деновиве и од спротивниот табор треба да биде објавен кандидатот кој ќе му се спротивстави на Ѓорѓиевски во Скопје. Во јавноста се спомнуваат имињата на екс министерката Каја Шукова, на Андреј Жерновски и на архитектот Мишко Ралев.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе