Семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ не веруваат во институциите. Пред почетокот на денешниот марш за ангелите кажаа дека чекаат во понеделник да добијат одговор на барањата за институционална поддршка што ги испратгија до надлежните.
Маршот почна во 18 часот и пет минути како симбол на задоцнетата реакција на институциите.
Семејствата уште еднаш побараа правда. Пред камерите не сака да даваат изјави велејќи дека потоа ги напаѓаат на социјалните мрежи.
Велат молчиме затоа што молчат и од Владата.