Вести Македонија

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Писателот и културен деец Цане Андреевски почина денеска во Скопје, на 95-годишна возраст.

Роден во Кратово во 1930 година, Андреевски своето образование го започнал во родниот град, а го продолжил во Скопје, каде завршил учителска школа и дипломирал на Филозофскиот факултет.

Во текот на својата долга кариера, Андреевски остави длабока трага во македонската култура.

Беше активен уредник во списанија за деца и во весникот „Млад Борец“, а најголемиот дел од својот професионален живот го мина во Радио Скопје како уредник на Културната редакција.

За својот придонес е добитник на престижната награда „Кочо Рацин“ на РТВ Скопје на Струшките вечери на поезијата.

Погребот на Цане Андреевски ќе се одржи во понеделник, на 7 јули, на Градските гробишта Бутел во Скопје, со почеток од 10 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе