Вести Најважни Свет

Бројот на жртви во Тексас расте, меѓу нив и девет деца

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, потпиша проглас за вонредна состојба поради разорните поплави што го зафатија регионот Хил Каунтри. Поплавите, предизвикани од обилни врнежи, досега однесоа најмалку 27 човечки животи, меѓу кои и девет деца, додека бројот на исчезнати сè уште не е познат.

Прогласувам катастрофа на ниво на држава за оние во соседните окрузи: Бандера, Коук, Комал, Кончо, Гилеспи, Кендал, Кер, Кимбл, Љано, Мејсон, Мекалоу, Менард, Ривс, Сан Саба и окрузи Том Грин… Ова ќе осигури дека сите окрузи што се идентификувани, а можеби ќе треба да се додадат и други подоцна, ќе имаат пристап до секоја алатка, стратегија, персонал што државата Тексас може да им го обезбеди, и ќе биде неограничено, порача Гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Реката Гвадалупе пораснала за над 8 метри за само 45 минути, носејќи куќи, возила и кампови. Особено тешко е погоден детскиот камп Мистик, каде што, според локалните власти, 27 лица се водат како исчезнати. Досега се спасени околу 850 луѓе, а потрагата по преживеани продолжува.

27-те исчезнати се деца од Камп Мистик, колку што имаме досега информации во однос на бројот. Што се однесува до непознати други исчезнати, немаме точен број и не сакаме дури ни да почнеме да проценуваме во овој момент, изјави Далтон Рајс, градоначалник на Кервил, Тексас.

Досега евакуиравме над 850 неповредени лица, осум повредени лица и извлековме 27 починати во овој момент. Од овие 27, 18 се возрасни, девет се деца. Од нив, шест од возрасните се неидентификувани, а едно од децата е неидентификувано во овој момент, соопшти Лари Леита, шериф на округот Кер.

Властите предупредуваат дека опасноста не е завршена, бидејќи се очекуваат нови врнежи во текот на викендот. За делови од централен Тексас сè уште се на сила предупредувања за нови поплави. На социјалните мрежи расте бројот на апели од роднини кои трагаат по своите најблиски.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе