Вести Македонија Топ вести

Младите не веруваат во брз влез во ЕУ

Ако државните, но и европските институции не направат нешто, младите може со тек на време да дигнат раце од ЕУ. Резултатите од истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи покажуваат дека 41 отсто од младите имаат позитивен став кон Европската унија, додека 24 отсто се изјасниле негативно. Она што паѓа во очи е дека повеќе од една третина се неутрални.

„Според мене, токму таа бројка е можноста за националните институции и европските институции да отворат уште поголема шанса, уште поголем дијалог и поголема вклученост на младите. Неутрално во речникот на младите луѓе значи простор којшто некој ќе го освои. Дали ќе го освои евроскептицизмот или ќе го освои работата на полето на брзата евроинтеграција за земјата“, вели Бојан Кордалов од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи.

Сепак, и покрај тоа што доминантно имаат позитивен став кон Европската унија, младите се сè поскептични дека земјава ќе стане дел од Унијата во блиска иднина. Резултатите од анкетата спроведена кон крајот на јуни, во која учествувале над 1000 млади луѓе во земјава, главно студенти, покажуваат дека многу мал дел од нив очекуваат Македонија да стане дел од ЕУ во наредните пет години. Скоро половина од испитаниците воопшто не веруваат во влез во ЕУ, а 36 отсто очекуваат Македонија да стане дел од Унијата, но во подалечна иднина. Повеќе од половина од младите очекуваат Албанија да стане дел од ЕУ во наредните пет години, а потоа следува Црна Гора. Повеќе луѓе веруваат дека Косово ќе стане дел од Унијата пред Македонија.

„Добра информираност, политичка злоупотреба и политикантство на темата ЕУ во земјава и странски влијание што во многу извештаи на ЕУ ги има. Зошто информираност? Затоа што првите држави коишто ги посочуваат младите се токму Албанија и Црна Гора и тоа е од оние информации што ги има на медиумите, на социјалните медиуми, од официјалните институции за отворање на поглавја, кластери, за движење на патот кон ЕУ на овие две земји“, вели Кордалов.

Како најголема пречка за влез во ЕУ младите ја навеле корупцијата, а потоа следуваат билатералните спорови и ниската доверба во институциите. Најголем интерес кај младите предизвикуваат темите поврзани со можностите за работа и живот во ЕУ, програмите за образование како Еразмус+, заштитата на човековите права, животната средина…

Во однос на информираноста, 53 отсто изјавиле дека се доволно запознаени со вредностите и политиките на ЕУ, додека само 3,5 отсто рекле дека не се информирани воопшто.

Истражувањето ќе резултира со препораки за националните и ЕУ-институции за справување со евроскептицизмот кај младите во земјите кандидати.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе