Додека Португалија се соочува со топлотен бран, на северниот и централниот крајбрежен појас се појави необична и ретка временска појава, т.н. „рол облак“. Оваа цевкаста формација, која се движеше од морето кон копното, ги воодушеви посетителите на плажите, но истовремено предизвика и мала паника кај некои од нив.
Според климатскиот експерт Марио Маркес, ваквите облаци не се новина во Португалија, но почесто се среќаваат во Австралија каде што студениот воздух од Тасманија се судира со повисоки температури.
Португалската метеоролошка служба го потврди овој редок настан со сателитски снимки и соопшти дека рол облакот се појавил во неделата попладне, движејќи се кон копното помеѓу Пениче и Повoa де Варзим.