Вести Македонија Топ вести

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Регионалната соработка за искористување на можностите од Планот за раст на Западен Балкан е на високо ниво, беше кажано на денешната панел-дискусија организирана од Европскиот центар на Атлантскиот совет. Сепак, беше потенцирано дека се соочуваме со различни предизвици, особено при исполнувањето на реформската агенда, која служи за проценка на можностите и капацитетите.

„На реформската агенда не гледаме како на замена за преговорите за пристапување. Но, од друга страна, таа е алатка за проценка дали владата, луѓето и цивилното општество инвестираат во патот кон ЕУ. Може да се измери како го правиме сето тоа и дали ќе постигнеме напредок. Но, ние имаме многу предизвици, еве на пример, Изборниот законик. Имаме подготвено Изборен законик, но во нашиот изборен систем, тој мора да биде донесен со консензус и сега е блокиран од неколку членови на Парламентот.  Тоа значи дека, закон од реформската агенда не може да биде испорачан, не поради владата, туку поради овие пречки, иако одговорноста е пак на владата“ рече Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

Министерката за европски прашања на Црна Гора рече дека, ваквите теми не се однесуваат толку за Европската унија, колку за регионалната соработка.

„Имаме одлична комуникација, што е важно кога зборуваме за регионалната соработка. Реформската агенда и Планот за раст не се само зборови на хартија, имаме и придобивки од нив. Тука зборуваме за многу инструменти кои се важни за нашите граѓани.Работиме напорно и тој план е добра мотивација не само за Црна Гора, туку и за останатите држави. Добиваме оптимистички пораки од ЕУ, се разбира имаме уште многу домашна работа и реформи што треба да ги завршиме во нашите држави, но за првпат добиваме позитивни сигнали и од земјите-членки, рече Мајда Горчеви“ министерка за европски прашања на Црна Гора.

Заменик амбасадорот на делегацијата на ЕУ укажа и на важноста од подобрување на економската ситуација.

„Во оние земји во кои преговорите за проширувањето го немаат овој многу силен моментум, во овој период, постои силен фокус на неопходните реформи, кои ќе ги придвижат земјите кон одредниците за пристапување и мислам дека ова е многу значајно. Истовремено, подобрувањето на економската ситуација во земјите ќе им помогне да привлечат повеќе инвестиции а достапни ќе им бидат и дополнителни ресурси. Сето тоа може да доведе до инфраструктурни инвестиции од голем обем, како во областите на енергетиката или транспортот, рече заменик-амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау.На панел-дискусијата беше заклучено дека и понатаму треба да продолжи интензивната соработка во областите како финансии, транспорт, дигитално поврзување и интеграција на пазарот, како и посветеноста кон европската интеграција на Западен Балкан“ Бен Нупнау изјави заменик амбасадорот на делегацијата на ЕУ.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе