Вести Свет Топ вести

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Американскиот Сенат пред маратонско гласање за обемниот буџет кој е клучен за агендата на американскиот претседател Доналд Трамп. Законот за даноците, напишан на околу 940 страници, содржи и нови средства за националната одбрана и засилување на депортациите. Републиканците, кои имаат мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот, имаат поделени ставови околу тоа колку да се намалат програмите за социјална помош, со цел да се продолжат даночните олеснувања во Законот наречен „Еден голем прекрасен закон“.

Во меѓувреме и доскорешниот близок помошник на Доналд Трамп, Елон Маск со критики, се закани дека ќе формира нова политичка партија. Републиканците веруваат дека имаат доволно гласови, а демократите, пак, подготвија десетици амандмани во обид да го променат или блокираат законот, кој се разгледува преку процедура наречена „vote-a-rama“, маратонско гласање за секој предложен амандман.

„Секако мислам дека имаме гласови. Мислам дека не можеме да дозволиме овој момент да помине за да имаме најголеми заштеди на даноци во американската историја. Просечното американско семејство дома ќе заштеди 1.000 долари месечно кога ќе се усвои овој закон. Ќе ја обезбедиме границата“, изјави републиканскиот сенатор од Канзас, Роџер Маршал.

Значи, ќе бидеме тука сè додека е потребно за да им покажеме на американските граѓани дека ова е лоша политика, дека ова ќе отстрани 17 милиони луѓе од нивното здравствено осигурување за да им даде големо, огромно намалување на даноците на најбогатите Американци. Буквално ќе им земаме пари на луѓето што ги немаат, кои се користат за плаќање на лекар или болница кога се болни и тие пари ќе бидат префрлени на најбогатите луѓе во нашата земја, а тоа е погрешно“, смета демократскиот сенатор од Аризона, Марк Кели.

Доколку законот за даноците мине во Сенатот, ќе треба да биде изгласан и во Претставничкиот дом. Пред Трамп да стави потпис, тој побара од членовите на својата партија да не одат на одмор и да го завршат гласањето до 4 јули, Денот на независноста. Според Министерството за финансии, националниот долг моментално изнесува 36 трилиони долари. Доколку биде усвоен, според новите проценки, законот ќе додаде уште 3,3 трилиони долари на тој долг. По пандемијата и војната во Украина, новите царини од САД носат дополнителна нестабилност врз европскиот банкарски сектор, Лагард побара од банките да предвидат и екстремни сценарија.

„Светот што претстои е понеизвесен, а таа неизвесност веројатно ќе ја направи инфлацијата понестабилна. Тоа е прилично основно, но тоа е реалноста со која се соочуваме“, порача Кристин Лагард, претседателка на Европската централна банка.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека царините што ги наметнуваат моќните земји честопати се користи како форма на уцена, а не за ребалансирање на меѓународната трговија, во време кога Европската Унија преговара за трговски договор со Соединетите Американски Држави пред крајниот рок на 9 јули.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе