Вести Македонија Топ вести

Филипче – Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

На внатрешен консензус меѓу сите политички чинители во државата со цел да се дефинира начинот на кој ќе се соработува за земјава да го продолжи евроинтегративниот процес, повика лидерот на СДСМ Венко Филипче.

По средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, Филипче кажа дека како партија остануваат целосно посветени на евроинтегративниот процес и дека тоа е единствениот начин на којшто државата може да ги зајакне капацитетите, граѓаните да имаат подобра економска положба и да има вистинска реформа на правниот систем

Жалам, што во изминатата година има стагнација на тој пат, отсуствува и стратегија, политика и дијалог и за жал се отвараат затворени прашања. Побарав поддршка од еврокомесарката, од неа лично и од сите европски институции, да се откочи нашиот евроинтегративен пат и сакам да порачам дека ова не е време ниту за калкулации, ниту за тесни и ситнопартиски интереси. Ова е време во која секоја партија треба да даде се од себе да продолжиме на патот на евроинтеграција, да се отворат поглавјата од преговорите поради тоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас, рече Филипче.

Според Филипче Кос на средбата покажала искрена поддршка што Европската унија и ја дава на државава.

 Таа беше многу искрена и кажа дека дава се од себе и дека ги користи сите инстирументи за да продолжи евроинтегративниот пат на земјава, меѓутоа има еден дел од задачата што ние треба да ја сработиме дома бидејќи овој процес, исто како и во другите земји кои во изминатиот период станаа челнки на ЕУ, најмногу зависи од внатрешни консензус, рече Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе