Две лица починаа во Италија како последица на временски непогоди кои предизвикаа обилни врнежи, поплави и екстремни температури. Црвен метеоаларм е на сила во 18 градови, јави агенцијата АНСА.
На подрачјето на Торино, 70-годишен маж се удави, откако поплава го однесе неговиот автомобил во местото Бандонеки.
Во Болоња, пак, 47-годишен работник почина на градилиште, најверојатно како последица на високите температури, пишуваат локалните медиуми.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.