Вести Македонија Топ вести

Два онколошки лека префрлени од болничка во примарна позитивна листа

На барање на здружението „Хема онко“ два онколошки лека се префрлаат на позитивната листа на лекови. Станува збор за таблетарна хормонска терапија, за инхибиторите летрозол (letrozole) и анастрозол (anastrozole)  кои се употребуваат во третман на рак на дојка кај 25оо пациенти. За околу три недели тие ќе можат да ги подигнат во аптеките во земјава. Двата лека до сега се издаваа во Клиниката за онкологија и радиотерапија и пациентите мораа да дојдат во клиниката во Скопје четири пати во текот на годината за да го подигнат лекот што одземаше 2-3 часа. Во исто време тоа ќе значи и намалување на кужвите на Онкологија.

  • Само во 2023-та има над 11.000 прегледи врз основа на издавање на овие два лека. Значи овие 2400 -2500 пациенти 11.000 пати се појавиле во Клиниката за онкологија и се создава тесно грло на најмалку пет места во болницата. Тоа што ќе стига кај пациентите е партиципација која во зависност од цената на лекот нема да изнесува повеќе од 50 до 100 денари по пакување – Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување на РСМ.

Се очекува во текот на летниот период Фондот за здравство да одлучува и за лекови кои го спречуваат згрутчувањето на крвта.

  • За клексанот собиравме податоци од јавно здравствените установи кои до сега го препишуваат, за овие два онколошки лека беше поедноставно бидејќи на една клиника се препишуваат и на една клиника обезбедивме информации за да дознаеме кој е обемот кој се користи. Клексаните се користат во сите општи болници гинекологија или хирургија или слични одделенија употребата е многу поголема и ни беше потребно време да обезбедиме информации кои се количините кои во моментот се употребуваат во Македонија – Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување на РСМ.

Во измените кои Фондот за здравство ги донесе се и одлуката за проширување на листата за ортопедски помагала за повеќе групи на корисници и втората новина Фондот во иднина ќе дозволува не само за мултипла склероза туку и за други хронични состојби кои се наведени во Правилникот за медицинска рехабилитација важноста на упатите за рехабилитација да биде 6 месеци, наместо досегашните 2.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе