Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави оти не сака промена на власта во Иран, бидејќи не сака да избие хаос во таа земја.
„Би сакал сè да се смири што е можно поскоро“, рече Трамп, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Трамп додаде дека промена на власта подразбира хаос и оти би било идеално да нема хаос.
„Иранците се многу добри трговци, многу добри деловни луѓе и имаат многу нафта. Би требало да биде добро. Би требало да можат да се обноват и да направат добра работа. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје, но, покрај тоа, би требало да направат одлична работа“, рече Трамп.