Вести Свет Топ вести

Противтенковски и противпешадиски мини од Лапонија во Финска до Лублин во Полска – пет членки на НАТО планираат „експлозивна завеса“ на границата со Русија

Пет земји членки на НАТО – Полска, Финска, Летонија, Литванија и Естонија се подготвени да минираат подрачја долж границата со Русија и на тој начин да направат „нова железна завеса“, пишува британски Телеграф. Таквите планови на петте држави ги докажува и одкуката да се повлечат од Конвенцијата од Отава за забрана на противпешадиски мини, истакнува британскиот медиум.

Според пишувањето на Телеграф, новата и експлозивна железна завеса ќе се протега од Лапонија, на крајниот север на Финска, до Лублинското војводство на истокот на Полска. Доколку биде потребно, членките на НАТО кои се граничат со Русија може да постават милиони мини во „тивките борови и брезови шуми“, долж своите граници.

Според изданието, воените стратези во земјите веќе пресметуваат кои подрачја од пограничните територии ќе бидат минирани во случај на конфликт со Русија. Како пример, Телеграф ја истакнува Литванија чии власти издвоиле 800 милиони евра за производство на противтенковски и противпешадиски мини.

Поранешниот литвански министер за одбрана, Лауринас Кашчунас изјави дека неговата земја самата ќе ги произведе мините, а ќе ѝ требаат стотици илјади. Тој нагласи дека мините ќе бидат складирани во мирнодопски услови, без поставување во близина на границата со Русија и Белорусија за да се осигура безбедност на цивилите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе